Меѓународните инспектори тврдат дека Иран се придржува на нуклеарниот договор

Иран се придржува до главните ограничувања на неговите нуклеарни активности од договорот кој го постигна со шесте светски сили во 2015 година, се истакнува кварталниот извештај на Обединетите нации подготвен од инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).

Во извештајот на IAEA, кој е испратен до земјите членки на ОН, се наведува дека Иран останал во рамките на ограничувањата по прашањата на збогатувањето на ураниумот и своите резерви на збогатен ураниум.

Иран се обврза на ограничување на својата нуклеарна програма во споменатиот договор, во замена за укинување на децениските економски санкции. САД, меѓутоа, во мај 2018 година објавија дека се повлекуваат од овој договор и повторно наметнаа санкции кои овој месец дополнително ги заострија. Техеран тврди дека и натаму се придржува до договорот и покрај повлекувањето на Вашингтон, иако пред три седмици се закани дека ќе суспендира некои од своите обврски, во прв ред звогатувањето на ураниумот, доколку другите држави не изнајдат начин како да го заштитат Иран од американските санкции.

Договорот му дозволува на Иран да користи илјадници центрифуги од првата генерација за збогатување на ураниумот (IR-1), но го ограничува бројот на напредните подел како што е IR-6. Во извештајот на IAEA се наведува дека бројот на центрифугите од IR-6 моделот е потенцијален проблем и оти „во тек се технички разговори во врска со IR-6 системите“.

Западните земји преку споменатата ткн група „пет плус еден“ сакаа официјален Техеран да ги намали капацитетите за да не дојде во можност да произведе нуклеарна бомба. Нивната цел беше Иран да прифати капацитети од десет илјади работни единици за сепарација (SWU), што претставува еквивалент на десет илјади центрифуги од постариот тип коишто веќе ги имаше. Иранските функционери велат дека им се потребни 190 илјади центрифуги, и оти за две до пет годни тоа е апсолутната потреба на оваа земја.

Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма има исклучиво цивилни цели, односно за производство на електрична енергија и за медицински истражувања, како и дека нем намера да произведе нуклеарно оружје од што стравува Западот, но истакнува дека негово неприкосновено право како држава е да има нуклеарни постројки. Во моментов во Иран има повеќе од 19 илјади центрифуги за збогатување ураниум. Главно тоа се постројките IR-1 од постарата генерација, а десетина илјади од нив работата на зголемување на концентрацијата на ураниумовиот фисиски изотоп U-235. Кога во 2006 година Обединетите нации првпат по инсистирање на Западот воведоа санкции за Иран, само што започна тестирањето на првите неколку стотици центрифуги. Оттогаш Техеран брзо го зголемуваше нивниот број до 24-ти ноември 2013 година кога со преодниот нуклеарен договор меѓу Иран и шесте светски сили тој процес беше сопрен.

Односите меѓу САД и Иран последните месеци значително се влошија, кога Вашингтон дефинитивно ги воведе санкциите против клучниоте области од иранската економија, со цел Техеран „да го промени своите агресивно однесување“ во регионот на Блискиот исток. Иран, од своја страна, ја прогласи Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) за терористичка организација, а самите САД за „држава спонор на тероризмот“. Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф ги повика другите земји да се спротистават на американските санкции.

Потоа советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, во врска со испраќањето на две групации на ударните групи бродови на два носача на авиони, стретешки бомбардери „В-52“ и бродови со ракетните системи „Patriot“, рече дека Вашингтон испраќа „јасен и непогрешлив сигнал за иранскиот режим дека секој напад врз силите и интересите на САД или нивните сојузници ќе се соочи со безмилосна сила“. САД подоцна објавија испраќање на уште 1.500 војници на Блискиот истој, правдајќи го потегот како напор за зајакнување на одрбанбената моќ против Иран и обвинувајќи ја оваа земја дека наводно стои зад нападот врз саудиските танкери пред две седмици, иако Вашингтон ниту се потруди да даде некаков доказ за тоа. На тоа во саботата генералот Мортеза Корбани, советникан командантот на Гардата на чуварите на исламската револуција (IRGC) одговори дека Иран со „две ракети и две совршено тајни оружја, ќе ги испрати на дното“ американските воени бродови кои се рспоредени во Персискиот залив