
АМСМ и денес со истото соопштение дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај.
На автопатот, како што се пишува, се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот-посочуваат од АМСМ.
Иако најавуваа и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и директорот на ЈПДП Зоран Китанов дека до крајот на месец мај треба да се пушти официјално во употреба автопатот Миладиновци – Штип, сепак тоа не се случи.
Дел од возачите иако не е официјално отворен за возење возат по новиот автопат.