
Според новите правола, речиси сите лица кои бараат американска виза ќе мора да дадат податоци од своите социјални мрежи, пренесуваат во саботата медиумите.
Правилата на американскиот Стејт департмант наложуваат лица да мора да ги наведат своите имиња и прекари од социјалните платформи, како и електронските адреси и телефонските броеви кои ги користеле изминатите пет години.
Кога минатата година овие правила првпат беа предложени, американските власти проценија дека со нив ќе бидат опфатени 14,7 милиони луѓе. Од новите строги правила ќе бидат изземени одредни дипломати и барателите на корпоративни визи. Но, лицата кои сакаат да работат или да студираат во САД ќе мора да ги дадат тие информации.
„Постојано бараме механизми со коишто би го унапредиле нашиот процес на проверка за да ги заштитиме американските граѓани и истовремено да ги овозможиме легитимните патувања во САД“, објави Стејт департментот.
Претходно тие податоци мораа да ги дадат само барателите на виза кои мораа да минат дополнителна проверка, како лицата кои престојувале во делови од светот под контрола на терористички групи. Сега барателите мора да ги наведат имињата кои ги корстат на утврдената листа со социјални мрежи, а доброволно да откријат поединости од своите профили на интернет страниците кои не се наоѓаат на списокот. Оние коишто ќе лажат, би можело да се соочат со „сериозно имиграцискик последици“, рекол неименуван функционер.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп првпат ги предложи новите прописи во март 2018 година. Тогаш Американската унија за граѓански слободи објави дека „нема докази дека таквата проверка на социјалните мрежи е ефикасна или чесна“ и поредупреди дека луѓето поради тоа би можеле да се автоцензурираат на интернет. Построгите правила за влез во САД беа едно од клучните предизборни ветувања на Трамп. Тој во петокот се закани и дека постепено ќе ги зголемува царините за мексиканските производи, доколку оваа земја не ги сузбие незаконските миграции на јужната американска граница.