
По спектакуларниот натпревар и сензационалистичкиот пресврт во второто полувреме, по што следуваше големата победа на Вардар против Барселона во Келн, ракометарите и целиот тим го прославија големото финале во Лигата на шампиони.
Големото финале се игра утре, а противник на вардарци во големото финале ќе биде екипата на Веспрем.
Херој на натпреварот беше голманот Дејан Милосављев. Српскиот чувар на мрежата дојде како дебитант на Ф4, а на првиот настап, против екипата која игра во најдобра форма во Европа, забележа вртоглави 18 одбрани.