Била разрешена, а земала плата како директор

Шеесет и седумгодишна охриѓанка заработила кривична пријава за злоупотреба за службената положба и овластување, информираа од МВР.

Таа од 23 јуни 2017 година до ноември 2017 година, како помошник директор на Јавното претпријатие „Охридски комуналец” – Охрид, и покрај тоа што била разрешена од функцијата директор на јавното претпријатие, си доделувала плата како директор.