
Вчера премиерот Зоран Заев се пофали дека бил специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати. Премиерот објави дека шеикот најавил инвестиции во Македонија.
Во име на Владата искажав подготвеност за темелна соработка, потенцирајќи ги уште еднаш клучните вредности на нашата земја, како што се одличната географска положба, економската флексибилност за инвестиции, работливиот народ и мозаикот од култури и заедници кои живеат кај нас, истакна Заев.
Инвеститорите на кои Заев им го ветува „работливиот народ“, во моментот се под истрага за корупција, а станува збор за браќата Гупта, кои се познати во светот по скандалите со проневера на пари, објави Курир.
„Њујорк тајмс“ објави сторија за нив и за тоа како сиромашните Аџај, Атул и Раџеш преку ноќ станале едни од најбогатите лица во Јужна Африка, а откако властите почнале да ги гонат, тие побегнале во Дубаи, откако биле вмешани во скандал вреден милијарди долари.