9.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Македонски камионџија загина во Хрватска

Македонски државјанин, возач на камион, денеска загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А3 во Хрватска. Во несреќата учествувале камион и автобус со босански регистерски таблички.

Полесно повредени се 10-15 патници, пренесува „Индекс“, додавајќи дека осум лица се пренесени во болницата во Нова Градишка.