
Вардар вечерва од 18 часот против Веспрем игра за својата во втора титула во Лигата на шампионите.
Вчерашната голема победа над Барселона со 29-27 го одведе македонскиот шампион во борба за круната на Европа.
Играчите и навивачите на Вардар се под импресии од синоќешното лудило во Келн.
На својата официјална фејсбук страница, Вардар го најави големиот меч за пехарот со силна порака: „Победниците никогаш не се откажуваат“.