
Првиот тениски рекет на светот Новак Ѓоковиќ се палсираше во четврфиналето на Ролан Гарос, и тоа десетти пат последователник, откако во понеделникот го совлада Германецот Јан-Ленард Штруфф со 6-3, 6-2, 6-2 по еден час и 33 минути игра.
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Италијанецот Фабио Фољини и Германецот Александр Зверев.
И Јапонецот Кеи Нишикори се пласираше во четвртфиналето поебдувајќи го Французинот Беоа Пере со 6-2, 6-7 (8), 6-2, 6-7 (8), 7-5. Следниот противник му е Рафаел Надал, кој 11 пати го има освоено овој париски турнир.
Позната е уште една четвртфинална двојка, а ја сочинуваат Роџер Федерер и Стан Вавринка, кои во неделата победија во осминафиналето.
Во понеделникот се уште три средбо од осминафиналето, а се среќаваат Австриецот Доминик Тием и Французинот Гал Монфил, Италијанецот Фабио Фоњини и Германецот Алекснадер Зверев, и Русинот Карен Хачанов и Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро.