
Опсадната состојба во Германија поради убиството на политичарот Вернер Либке од владејачката Христијанско-демократска унија (CDU) кој вчера беше пронајден со прострелна рана на главата, трае и во вторникот, пренесуваат тамошните медиуми.
Поединостите за убиството на популарниот политичар од партијата на канцеларката Ангела Мерлек сѐ уште не се понати, бидејќи имотот на кој е убиен Либке не е пронајдено оружје, поради што истрагата поаѓа од претпоставката дека политичарот бил убиен од засега непознато лице. Полицијата ги пребарала целиот имот, како и околината, и ги испитала сите соседи.
Либек десет години мина во парламентот на сојузната покраина Есен, пред во 2009 година да стане челник на локалните власти во Касел,.
Полицијата во вторникот, исто така, сѐ уште трага по 22-годишниот Сириец Јабер Албакр кој избегал откако во неговиот стан во градот Кемниц бил пронајден експлозив.
Во големата акција уапсени биле тројца мажи кои се поврзани со избеганиот 22-годишник осомничен дека планирал бомбашки напад. Двајца бегалци се уапсени во централната железничка станица, а третиот во близина на станот во кој се извршил претрес.
Во 2015 година Либке предизвика критики поради поддршката на мигрантите. Непосредно после тоа, добил стотина заканувачки писма, а по некој период и лично обезбедување.
Поради неговото убиство Берлин се чува со полициски сили, а најмногу полициски службеници има на железничките станици и аеродромите.