
Црногорската полиција во вторникот соопшти дека ја проверува видео пораката на организацијата којашто се претставува под називот „Душан Силни“ на која се три маскирани лица со снајперска пушка и крст во заднината, а покрај нив стои пораја на парче хартија во која пишува дека се здружиле „за да ги казнат оние кои го ништат српството“.
„Полициските службеници ќе ја анализираат снимката и ќе ги извршат потребните проверки од своја надлежност“, се соопштува од црногорскат Полициска управа.
Во видео пораката, која претходно во текот на денот била доставена на адреси на поедини медиуми во Црна Гора и во Србија, се неведува дека во организациајта „Душан Силни“ се собрани „борци против неправдата“ и „заколнати српски војници, истребувачи на лагите и предавниците“.
„Ние сме ‘Душан Силни’. Нашата цел е слободата. Злотворите нѐ пљачкосуваат, апсат, прогонуваат, ни го земаат лебот… Злосторниците ги малтретираат нашите семејства. Им судат на нашите водачи. Нѐ убиваат,. Затоа нашата мисија е праведна и света. ‘Душан Силни’ ќе ги одбрани својот народ и светиите. Тирани, доаѓаме“, пишува во поралата на видео снимката.
Во пораката се наоѓа и цитатот на црногорскиот владетел и поет XVIII век, Петар Петровиќ Његош „Зло чинејќи, од зло бранејќи се, тука злосторство никакво нема“.
Црногорски медиуми објавуваат дека снимката била упатена и на електронските пошти на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и на премиерот Душко Марковиќ. Од кабинетите на двајцата челници на црногорската власта е соопштено дека не ја добиле контроверзната снимка и дека се чувствуваат безбедно „во секој дел Црна Гора“.