
Руски и американски воени бродови во последен момент избегнале судар во Источно-кинеското море, во водите на западниот дел од Тихиот Океан, а и двете страни за инцидентот меѓусебно се обвинуваат.
Руската пацифичка флота соопшти дека американскиот крстосувач „USS Chancellorsville“ минал на само 50 метри од разурнувачот „Адмирал Виноградов“ (според номенклатурата на НАТО – Udaloy) во петокот утрото во југоисточниот дел од Источно-кинеското море. Како што пренесува агенцијата РИА цитирајќи го соопштението „за избегнување на судирот Русите биле принудени да извршат брз маневар за итни случаи, по што на Американците им е вложен пртоест“.
Американските воено-поморски сили ги оценуваат како „непрофесионални“ дејствијата на екипажот на рускиот брод, откако на американскиот крстосувач ненадејно му се приближил, пренесува агенцијата Reuters.
„Рускиот брод Udaloy I DD 572 направи небезбеден маневар во однос на американскиот Chancellorsville“, коментирал претставникот на Седмата американска флота, Клејтон Дос. Според американската војска, рускиот брод му се прибложил на крстосувачот на растојание од 15 до 30 метри и оценува дека Русите биле „несигурни и непрофесионални“ и ги одбил руските обвинувања како „припаганда“.
Според него, инцидентот се случил во Филипинското Море, како што го нарекуваат САД овој дел од Тихиот Океан на кој право полагаат Кина и американските сојузници на Пацификот, и е предмет на дипломатски спорови изминатите години.
Во последните години регистрирани се десетици случаи на „блиски средби“ и опасни воени маневри на море и во воздух, а двете страни редовно меѓусебно се обвинуваат за инцидентите. Во номеври САД објавија снимка на руски борбен авион кој на исклучително опасна близина пресретнува американски борбен авион над Црното Море во потег кој го нарекоа „неодговорен“, а за кој Русија соопшти дека бил направен за да се сопре „нарушување на рускиот воздушен простор“.