Изгоре царинска испостава на бугарско македонската граница

Вчера попладне во голем пожар изгоре административната зграда на царинската испостава „Златарево“ на бугарско-македонската граница. За среќа немаше повредени, а беше направена огромна материјална штета.

„Колегите се обиделе да го угасат огнот, но не успеале. Огнот се појавил во надворешно инструменти, материјалите таму се запаливи – пластика, памук, стиропор. Резултатот е тоа што се гледа“ – рече началникот на Регионална дирекција на гранична полиција во Ќустендил, Васил Митов.

Тој истакна дека пожарникарите спречиле ширењето на пожарот кон зградата на Граничната полиција, која е залепена за оваа на царината.

Утринава во пунктот се пропуштаат само автомобили.

И бугарските и македонските царински служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој граничен премин за патување и да се упатуваат на другите гранични премини.