
Поранешниот премиер Никола Груевски својата оставка како пратеник ја депонираше преку нотар во Собранието, потврди спикерот Талат Џафери.
Заверената оставка пристигнала во средата на 5-ти јуни. Се очекува нејзиното прифаќање да се најде на дневен ред на следната собраниска седница во вторник, иако имаше негодувања од владеачкото мнозинство дека тој треба тоа да го стори лично, а не од Будимпешта, каде што е азилант по бегството од затворската казна.
Џафери потврди дека оставката е пристигната со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.
Примена е на 5-ти јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците, рече Џафери.
Се очекува за оставката на Груевски позитивно на глкасањето да се изјаснат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, откако почесниот претседател на партијата и самото раководство го побараа тоа од нив.