Малолетничка тешко повредена на „Партизанска“, возачот побегнал

Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ возило удрило во пешак.

14-годишна малолетничка од Скопје се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а возилото го напуштило местото на настанот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.