
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне особено во планинските региони ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 24 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, претпладне сончево и топло со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Ќе продолжи период на топло време, а најтопло ќе биде од четврток до недела. До средината на неделата претежно во попладневните часови понекаде ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.