(ВИДЕО) Двајца млади загинаа во сообраќајна несреќа на „Борис Трајковски“ кај Пинтија

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот „Борис Трајковски“ кај населбата Пинтија во скопска Кисела Вода, и според непотврдени информации животите ги загубиле две млади лица.

Според очевидци, станува збор за директен судир меѓу два автомобила кои биле уништени до непрепознатливост. Во моментов се врши увид на местото на трагедијата.

Несреќата се случила во близина на салонот за мебел на „Мебел-Ви“ во правец кон населбата Драчево. Сведоци на несреќата кои се нашле на самото место велат дека двете момчиња починале уште пред да дојдат екипите на итната медицинска помош.

https://www.facebook.com/eri.cila/videos/2266749376743819/?t=37