Оваа влада има потрошено десет милијарди евра, а нема направено буквално ништо а како последица на тоа Македонија се празни како никогаш досега, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на денешната собраниска седница.
Ѓорчев истакна дека оваа влада во полето на инвестициите оваа влада има имагинарни инвестиции кои никој не ги видел, додека пак во реалноста ништо нема реализирано, ниту во делот на гринфилд инвестиции, ниту кај капиталните инвестиции.
Две години во полето на инвестициите во Македонија буквално ништо не се случува, ништо не се случува во делот на гринфилд инвестициите, ништо не се случува во делот на капиталните инвестиции. Едно време Македонија беше земја во која што секој месец се отвораа фабрики, денес во Македонија абер немаме да имаме отворање на нови странски инвестиции, потенцираше Ѓорчев.
Воедно посочи дека оваа влада е најнеуспешната во делот на капиталните инвестиции затоа што 2018 ја завршија со 65 отсто, кои ако не беше ребалансот ќе изнесувале 48 проценти, додека во првиот квартал на 2019 година има само 6 отсто, за што оцени дека претставува катастрофа и фијаско на целата Влада, додека во делот на гринфилд инвестиции власта наместо да им помага ги брка инвеститорите, со тоа што им ги покачи даноците и давачките.