
На Никола Груевски ќе му се суди во отсуство за случајот „Талир“, кој се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Судот донесе такво решение откако тоа го побара СЈО поради фактот што Груевски избега, не е достапен за истражните органи и доби азилантски статус во Унгарија.
На денешното рочиште одбраната инсистираше на одлагање, поради тоа што Собранието сѐ уште не се изјаснило по барањето на Судот и на Обвинителството – кој може во судница да го застапува „Талир“ и дали надлежност има СЈО или редовното Обвинителство.
Овој случај го спорат и адвокатите оти Катица Јанева поднесе обвинение по 30 јуни 2017 година, односно по истекување на рокот за поднесување обвиненија зацртан во законот за СЈО. Дополнително и Врховниот суд донесе правно мислење дека СЈО не е надлежно да застапува обвиненија по 30 јуни 2017.