10.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Димовски: Изостанувањето на датум за преговори со ЕУ е јасен знак дека нешто не е во ред со државата

Отсуството на датум за преговори со Европската унија за Република Македонија е јасен сигнал дека нешто не е во ред со државата, рече пратеникот од опоициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во четвртокто вечерта во неговото гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Одолговлекувањето на носењето на заклучок во Бундестагот според него е поучна лекција за македонската влада, дена сепак нешто не е во ред. -Знаете што забораваме да споделиме дека никогаш постапката изминативе 10 години не ни сме знаеле како одела во врска со извештаите на ЕУ. Јас го разбирам тоа како културен пристап и не затворање на врати како што кажа колегата Зендели, туку поучна лекција спрема Република Македонија дека сепак нешто не е во ред, но изговорот е дека постапката во Бундестагот оди бавно. Тоа никогаш досега не било ситуација, ние никогаш не сме разговарале за постапките во Бундестагот, а поврзани со извештаите на ЕУ. Никогаш не сме имале дилема каков е односот на Германија за нашата амбиција, рече Димовски.

Димовски претходно истакна дека вестите кои ги добивме денеска од Германија не се добри, со оглед на тоа што Германија по дваесет години веќе нема толкава желба за интегрирање на Македонија во Европската унија. Посочи дека очигледно има некоја подлабока причина зошто Македонија и покрај промената на името не добива датум за преговори со Унијата.

Видете не е добра вест што Германија на некој начин со дипломатски потези во изминатите две, три недели првпат во овие 20 години покажа малку успорена желба во нејзиниот однос кон Европските интеграции кон Македонија. Ова прв пат се случува, потенцирам. Секогаш досега во изминатите 10-15 години, Германија била една од државите на рангот на Унгарија, на Словачка, на Чешка, беше спонзор на пробивот. Денешната средба од она што го знаеме не донесува ништо ново, рече Димовски

Потсети оти ставот дека во септември германскиот Бундестаг ќе заседава по ова прашање е став кој бил познат уште пред една седмица, и оти во тоа гледа „некоја подлабока причина“ поради која таа сега ѝ се соопштува на домашната јавност.

Нашиот сомнеж и нашето мислење е дека германската држава врз база на сериозноста која што ја има во однос на приодот кон Балканот е апсолутно свесна за многу недостатоци кои што се случуваат во Република Македонија и очигледно дека врз основа на оној занес после Преспанскиот договор не нашла доволно причини да го држи тој бран на некаков позитивен занес за Република Македонија. Според Димовски ова што се случува со Македонија е жално и не е се како што владиниот ПР се обидува да го прикаже и спакува. Тој потенцираше дека Владата мора да разбере дека критиките на опозицијата очигледно не се без причина и дека очигледно пропустите во владеењето на Заев ги забележа и некој друг од надвор, а резултат на тоа е отсуството на датум за преговори со ЕУ за Македонија, рече Димовски.

Пратеникот, исто така, потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период повеќепати укажѕвале дека не изгледа сѐ онака како што владиниот пи-ар ака да го спакува.

И од тој аспект би предупредил дека повторните победнички изјави, денеска на Заев не носат ништо, напротив може дополнително да развијат впечаток на нашите партнери дека тука во државата Република Македонија, политичарите не се доволно сериозни. Вие пред една година да и кажете на целата јавност дека сте добиле датум, а не сте добиле датум не може да помине незабележитлно и во ЕУ. Им го рушите кредибилитетот на нивните проценки, на нивните постапки, на нивните одлуки, затоа мислам дека е време Владата да се соочи со фактот дека критичноста која ја има опозицијата према нејзе не е само опозиционо гледање на работите туку и некој друг многу длабоко сето тоа го анализира и низ овие некои дипломатски лупинзи го прикажува и јасно го дава до знаење не само до Владата на дискретни средби туку и на целата јавност преку овие јасни пораки, додаде Домовски.