
Француската политичарка од крајната десница Марин Лепен објави во четвртокот дека е основана нова крајна десна пратеничка група во Европскиот парламент, сојуз на евроскептици од сите делови на континентот кои моќта од Брисел сакаат да ја вратат во националните престолнини.
Во пратеничката група која се нарекува Идентитет и демократија (ID) се Националниот собир на Марин Лепен, партијата Лига на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини и Алтернатива за Германија (AfD), како и националистите од Австрија, Финска и Данска.
„Ја изменивме политичката мапа на Европа“, рече Лепен претставувајќи ја политичката групација која има 73 од 751 мандат во Европскиот парламент и е петтата според силата група во парламентот, веднаш зад Зелените кои на мајските избори направија ненадеен голем пробив. Оваа група ќе ја замени досегашната Европа на нациите и слободите која имаше 36 мандати во минатиот состав на ЕП.
Партиите кои се залагаат за јакнењето на Европската унија со предавање на дел од суверенитетите од националните парламенти освоија двотретинско мнозинство на изборите, но суверенистите речиси двојно повеќе освоените мандати го гледаат како потврда на својата сила.
„И натаму сме малцинство, но поголемо од кога и да е претходно“, рекол челникот на Партијата на Финците, Јуси Хала-ахо, за новинарите во Брисел.
Партиите кои ја формираат групата Идентитет и демократија ги надминаа меѓусебните разлики и се обидинија иколу главните цели: враќање на моќта на одлучување на земјите членкки, намалување на миграциите и спречување на ширењето на исламот на европскиот континент.
„Не за поголемите овластувања на ЕУ, не за натамошната хармонизација, не за поткопувањето на националната држава“, рекол Јирген Мутен, коосновач на AfD.
Аналитичарите сметаат дека поради различните социјални и економски политики, вклучително и буџетската дисциплина, тешко е за верување дека овие партии ќе може да донесат некоја поврзана политичка програма. Имајќи предвид дека британската партија Брегзит и другите евроскептични партии се раштркани по другите политички блокови во парламентот, на ID ќе му недостигаат мандати за да блокираат или да поддржат закони.
Советникот на Салвини за надворешна политика, Марко Ѕани, чијашто Лига е една од трите поединечно најсилни партии во европскиот парламент, вели дека сметаат оти ќе им се приклучат уште партии, како што е шпанската Вокс. Но оваа партија во меѓувреме објави дека ќе им пристапи на умерените евроскептици, Европските конзервативци и реформисти (ECR).
„Им порачувам на сите партии коишто имаат радикално поинаков поглед на Европа, доколјку работиме заедно од тоа полза ќе имаат сите“, истакнал Италијалнецот.