Турција повторно го отфрли ултиматумот од САД, не се откажува од рускиот ракетен систем

Турција нема да ја промени одлуката за купување на рускиот противракетен одбранбен систем „С-400“ и покрај американските ултиматуми дека тоа ќе предизвика исклучување на Анкара од програмата за американските борбени авиони „F-35“, изјави во четвртокот турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Турција и САД, и двете членкит на НАТО, подолг период се спорат поради турската нарачка на рускиот антибалистички систем кој не е компатибилен со вооружувањето на Алијансата. Анкара повеќепати повтори дека на тоа се репшила откако беше одбиена од своите западни сојузници за набавка на такви одбранбени противвозудшни системи кои траат уште од пред пет години. Но откако беше потпишан договорот со Русија, Турција доби француски и американски понуди, за кои оцени дека не се поволни колку што е руската, со која се предвидува обика на турски екипажи за ракетните системи, како и натамошно заедничко развивање на напредни системи.

Вршителот на должноста американски министер за одбрана Патрик Шанахан минатата седмица му испрати писмо на турскиот колега во кое го предупредува дека на Турција нема да ѝ бидат испорачани авионите „F-35“ доколку до крајот на јули не се повлече од зделката за купување на „С-400“. Одговарајќи на споменатото писмо од челникот на Пентагон, Чавушоглу рече дека на Турција никој не може да ѝ поставува ултиматуми. „

„Со вакви писма, Турција нема да се откаже од одлуката. Турција ги купи С-400, ќе бидат испорачани и распоредени во Турција“, порача Чавушоглу.

Русија во вторникот соопшти дека планира да ги испорача ракетните системи во Труција во јули, со што започнува да тече времето Вашингтон да ги наметне санкциите со кои се заканува доколку Анкара навистина ја исполни зделката со Москва.

Во јуни минатата 2018 година американскиот Сенат ја усвои својата верзија од нацрт-буџетот за 2019 година. Таа предвидува запирање на учеството на Турција во производствената програма на петтата генерација американски борбени авиони од моделот„F-35“, поради нејзините намери да набави руски противвоздушни ракетни системи од типот „С-400“. Турција во споменатиот проект учествува задно со уште осум земји. Нејзиниот удел во развојот требаше да изнесува околу 11 милијарди долари. Од оваа сума Анкара во проектот веќе вложи околу 800 милиони долари, а во замена за тоа САД требаше да ѝ испорачат сто авиони.