
Тешка несреќа се случи утринава во Македонија кога автомобил со кој се превезувале две лица, се превртел на патот Тетово-Скопје.
Се работи за автомобил Југо, а несреќата се случила на околу еден километар од наплатната рампа кај во Тетово, пренесе Либертас.
Освен полицијата, на местото на настанот биле забележани и противпожарни екипи и возила на Брзата помош.
Инаку, деновиве има многу несреќи, една од нив на булеварот Борис Трајковски заврши кобно завчера за младо момче и 48. годишен маж кои починаа на лице место.
фото: alsat-m.mk