СДСМ доби нов извршен одбор, предвремени избори нема да има

Смена на најмалку осум министри и 20 директори најави Заев по седницата на Централниот одбор во Охрид.
Предлогот за новиот состав Заев го најави до крајот на следната недела и очекува новите министри да бидат избрани во Собранието на почетокот на неделата потоа.
Како што изјави Заев, по уверувањата дека Македонија ќе добие датум за преговори наесен, избори не се опција.
На денешната седница СДСМ избра и нов Извршен одбор во којшто се најдоа Фросина Ременски, Петре Шилегов, Драган Тевдовски, Рената Дескоска, Благој Бочварски.
За организациски секретар е избран Душко Вескоски, кој ќе ја напушти досегашната функција директор на Водовод и Канализација Скопје. Дане Талеско е реизбран за секретар за меѓународна соработка.
Новите потпретседатели на СДСМ како што рече Заев ќе бидат избрани најдоцна за десетина дена.