
Младиот супер талент на Бенфика, Жоао Феликс, би можел да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, а за негов ангажман „јорганџиите“ се подготвени да ја платат најголемата сума во клупската историја.
Атлетико е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на 19-годишниот Португалец.
Првата ѕвезда на тимот, Антоан Гризман веќе соопшти дека летово ќе го промени клубот, па парите од неговата продажба ќе бидат искористени за ангажманот на Феликс.
Во изминатава сезоната 2018-19, Жоао Феликс настапи на 43 натпревари во сите натпреварувања, постигна 20 гола и запиша 11 асистенции.