Цените на горивата остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика ја објави најновата одлука за цените на нафтените деривати. Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продаваат по исти цени, односно цените остануваат на истото ниво како што беа утврдени со Одлуката од 10.06.2019 година.

Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 во наредните 15 денови ќе изнесува 69,00 денари з алитар, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 60,00 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 денари за литар.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари и тој ќе се продава за 67,00 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 денари за килограм и ќе изнесува 33,003 денари за килограм.