
Уругвајскиот напаѓач, Максимилијано Гомез е пред трансфер во Вест Хем, јавуваат медиумите на Островот. Како што пишува „Скај“, понудата на англискиот клуб изнесува 32,5 милиони фунти плус бонуси, а истата Селта веќе ја прифатила.
Гомез беше на мета на Вест Хем и во јануарскиот преоден рок, но тогаш управата на шпанскиот клуб бараше поголема сума на пари.
23 – годишниот напаѓач ќе стане најскапо продадениот фудбалер во историјата на Селта, затоа што актуелниот рекорд е во сопственост на Нолито, кој пред три години беше продаден во Манчестер сити за 18 милиони евра.