
Уругвај синоќа во натпреварот на јужноамериканското првенство кој се одигра во Групата Ц во Бело Хоризонте со високи 4:0 го совладаа Еквадор.
Уругваците до убедливата победа дојдоа со головите на Николас Лодеиро во 5, Единсон КАвани во 33 и Луис Суарез во 44 минута, додека конечниот резултат го постави Артуро Мина со автоголот во 80 минута.
Денеска Чиле ќе го одигра вториот натпревар во оваа Група Ц со вториот гостина на годинешното издание на Копа Америка, Јапонија.