
Пратеникот Илија Димовски на својот Твитер профил објави статус поврзан со одбивањето на Македонија за отпочнување на преговори со ЕУ.
-Да потпишеш договор како оној од Нивици и за возврат да добиеш само тапшање и неколку убави зборови од ЕУ (што и беше причина за договорот и референдумот) е доволна причина да признаеш промашена стратегија. Лани ни одложија за една година, годинава за пола.
Димовски имено во следниот негов пост на Твитер вели и дека е оптимист за во октомври годинава…, но и дека ЕУ и удри шамар на Владата…