
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 41-годишниот О.О. од Република Турција, со престој во Република Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,загрозување на сигурноста“ при семејно насилство и ,,злоупотреба на лични податоци“, соопштија во вторникот од МВР.
Осомничениот упатил и закани по животот кон неговата малолетна ќерка и неговата поранешна сопруга, 27-годишната Ќ.Ј. од Гостивар.