
Криптовалутата на Facebook ќе и обезбеди на оваа социјална платформа нови приходи од историски размери, а првичните информации говорат за тоа дека Facebook, Instagram и WhatsApp на корисниците со помош на новата криптовалута ќе им овозможи да можат да вршат дигитални купувања без високи трошоци и даноци.
Од компанијата очекуваат дека Libra ќе се користи при трансфер на пари, e-commerce aктивности, како и за плаќања на апликации и игри кои се во сопственост на Facebook. Токму поради тоа се проценува дека би можело ова да биде една од најважните иницијативи во историјата на компанијата, Facebook веќе се здружи со низа компании, вклучувајќи ги и Visa и PayPal, кои инвестирале во процесот.
Планирано е Libra да се поврзе со неколку валути кои владите ги прогласиле за средство за плаќање (директни пари), со цел да се заштити од вртоглавите промени на вредноста, кои претходно нанесуваа штета на валутите, како што е Bitсoin.
Libra можеби доаѓа и како спасител, бидејќи уште од април се шпекулира за тоа дека Facebook би можел да се соочи со рекордна казна од 5 милијарди долари поради кршење на правилата за приватност на корисниците, а тоа би можело во целост да го промени начинот на работа на компанијата.
Аналитичарите во март објавија дека новата криптовалута во текот на 2021 година на компанија би можела да и донесе приходи од дури 19 милијарди долари, па останува да се види дали овие прогнози ќе бидат точни и како тоа ќе влијае на иднината на компанијата.