
Американскиот претседателот Доналд Трамп вечерва официјално ќе ја објави кандидатурата за уште еден претседателски мандат, на митинг во Орландо Флорида.
Тој ова го објави на Твитер, заедно со информацијата дека добиле барања за присуство од 100.000 луѓе. За да излезат во пресрет на сите кои сакаат да присуствуваат, ќе бидат поставени видео бимови.
Неговата кандидатура за уште еден мандат никогаш не беше доведена под прашање, а Трамп одржа и неколку митинзи во тој контекст во текот на првите две и пол години од неговото претседателство.