-3.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 21,2 отсто, СДСМ со 19.5 отсто

Кај етничките Македонци ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка од 27.8 % додека СДСМ ја поддржуваат 22.6 % од анкетираните.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе  истражување во периодот помеѓу 14 и 16 Јуни 2019 година на 1119 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови околу нивната поддршка на политичките партии. Целта на истражувањето беше да се анализира ефектот од резултатите од претседателските избори врз поддршката на политичките партии.

Според објавената анкета ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 21,2 % од испитаниците, СДСМ 19.5 %, а ДУИ 4.6%.

Кај етничките Македонци ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка од 27.8 % додека СДСМ ја поддржуваат 22.6 % од анкетираните.