Гимназијата „Орце Николов“ најпривлечна за основците: за 285 места ќе се борат 400 ученици

Гимназиите повторно се најатрактивни за основците. Најголем интерес во првиот уписен јунски рок има за гимназијата „Орце Николов“. За 285 слободни места се пријавиле дури 400 одлични ученици од кои потполно одлични со сите петки се 330.

Поради ваквата ситуација, во петок во гимназијата ќе се полага квалификационен тест, што е прв случај после многу години.
Според изјавата на директорот на гимназијата „Орце Николов“, Митко Димовски, на состанок со одговорните од Министерството за образование и наука, вчера е донесена одлука тестирањето да се спроведе во петок, откако ќе се направи ранг листа и на наставнички совет ќе се утврди фактичката состојба.

Учениците со сите петки во петок ќе полагаат македонски јазик и математика, а тестовите ќе ги прави Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието. Резултати ќе се објават истиот ден.
Во другите скопски гимназии веројатно интересот не толку голем затоа што нема досега информации за квалификационо тестирање за упис.
Во гимназијата „Јосип Броз Тито“ вели дека во ова
училиште за 360 слободни места на настава на македонски јазик, се пријавиле 280
ученици.