ВМРО-ДПМНЕ: Нивите со марихуана на Заев му се поважни од Македонија

Наместо датум за почеток на преговори, советот на министри на ЕУ испорача ладен туш за корумпираната влада на Зоран Заев. Не е доволно само да се распродадат националните интереси и да се промени името кога земјата ја водат криминалци кои се неспособни да спроведат реформи. На ЕУ не и требаат преговори со аболицирани политичари кои се живи фатени како бараат мито од едно евро по метар квадратен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Повеќе земји членки, докажани пријатели на Македонија, биле против доделување на датум. Може да се разбере нивниот револт кон катастрофата наречена Заев, но не може да се оправда казнувањето на државата и народот заради неспособноста и корумпираноста на Заев и картелот околу него. Од бриселските ладни тушеви настинува народот, а Заев мува не го лази. Заеви си имаат и ниви со марихуана и бизниси со РЕК, си го имаат и „Герас Цунев“ и „Цареви кули“, си имаат имот и си градат на земјиштето од струмичката касарна, а си копа каде стигне и кога ќе стигне. Заев знае многу одамна дека Македонија со него не добива датум, но повеќе му е од корист да лаже и манипулира, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ запрашаа зошто Заев лаже затоа што за него пари се во прашање.

-Македонија само стагнира и ниже неуспеси. Со Заев на власт Македонија пропаѓа. Криминалот, корупцијата И непотизмот станаа главна одлика за власта. Потребна е обнова. Заев И СДСМ мора да си заминат, додаваат од партијата.