
Опозицијата максимално вложено за добивањето на позитивен извештај од Европската комисја, и покрај тоа што премиерот на предиизборен митинг се фалеше со број на кривични пријави поднесени против опозицијата, рече во четвртокот пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Илија Димовски во текот на заседавањето на седница на Националниот совет за евроинтеграции.
Дилемата дали опозицијата се вложи во добивањето на позитивен извештај оваа година, на крај краиштата можеби не треба никој од опозицијата да го даде тој одговор, заради тоа што тој одговор го пишува во извештајот. Опозицијата се вложи во добивањето на позитивен извештај, но морам да потенцирам опозицијата тоа го прави во период кога почнува организиран методолошки пристап на власта за прогон на опозицијата. Во период кога премиер на Влада на Република Македонија на изборен митинг се фали со број на кривични пријави поднесени против опозицијата, појасни Димовски.
Истакна дека опозицијата успева да го надмине овој елемент и успева максимално позитивно да се вложи во сите законски постапки кои што се во Собранието, да даде свој допринос и да гласа и да ги поддржи сите реформски закони за кои што треба двотретинско мнозинство.
Второ дали европската перспектива ќе заврши во октомври? Не. Не ни требаат патетични изјави, колку и поединечни министри да се разочарани од својот удел и својот продукт во овој процес. Европската перспектива ниту почнала со некој од нас ниту ќе завршат со некој од нас. Европската перспектива е темел на создавањето на независна македонска држава. Идејата за создавање на независна македонска држава е паралелна со идејата за европска Македонија, заклучи Димовски.