
Кинескиот претседател Кси Џинпинг пристигна во четвертокот во својата прва официјална посета на Северна Кореја, пренесуваат службени медиуми во двете сојузнички земји.
Кси го придружуваат сопругата Пенг Лијуан и делегацијата високи функционери во која е и министерот за надворешни работи Ванг Ји, пренесува агенцијата Xinhua. Во извештајот се додава дека кинескиот претседател два дена ќе престојува во Пјонгјанг на покана на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, кој во Кина претходно престојуваше неколкупати.
Се очекува дека разговорите ќе бидат концентрирани на напредокот во процесот на денуклеаризација на Северна Кореја откако во февруари во Виетнам пропадна самитот на Ким и американскиот претседател Доналд Трамп. Ким тогаш повика на укинување на меѓународните санкции кон неговата земја, а Трамп бараше Пјонгјанг да го предаде целосно својот нуклеарен и балистички арсенал.
Посетата на Кси се одвива во пресрет на самитот на Г20 во Јапонија, каде што според најавите од Белата куќа, трба да се сретне со Трамп. Но Пекинг, како и Москва, засега не ги потврдија можните средби на нивните челници со американскиот претседател на маргините на самитот на „дваесетката“ во Осака.
Кина се главен сојузник и трговски партнер на комунистичка Северна Кореја. Посетата на Кси е стратешки испланирана, имајќи го предвид застојот во разговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, смета професорот по меѓународни односи на кинескиот Универзитет Ренмин, Ченг Ксиаое. „Фактот дека Кси се сретнува со Ким пред средбата со Трамп е поради тоа што сакаат да поттикна промена на моменталната ситуација“, вели Ченг.
Од март 2018 година и првата официјална посета на Ким на Пекинг, севернокорејскиот лидер со Кси се сретна вкупно четири пати. Кси, иако стана претседател во 2013 година, досега ниеднаш официјални ја нема посетено Северна Кореја,
Трамп минатата седмица примил писмо од Ким и ја опиша добиената порака како „прекрасна“ и „топка“. Американскиот челник притоа не исклучи и третата средба на врвот со Ким и порача и оти и натаму е убеден дека „ќе се случи нешто позитивно“.