Полициски службеник на должност е една од двете жртви во несреќата кај скопската обиколница

Двајца мажи загинаа, од кои едниот е полициски службеник, во сообраќајната несреќа којашто во петокот се случи на скопската обиколница, потврди во саботата Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 16,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата „Мајка Тереза“, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани, се случила сообраќајна, информираат од полицијата. Во неа учествувале товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од 37-годишниот Д.Н. од Куманово, возило „јети“, сопственост на МВР, и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот А.А. од Гостивар.

Двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило. На местото на настанот починал совозачот во возилото 34-годишниот „БМВ“, Р.А.од Гостивар.

Со возило на Итна медицинска помош А.А. и двајцата полициски службеници 37-годишниот С.Б и 48-годишниот Г.А. биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, но во болницата С.Б. им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.