Седум загинати и десетици затрупани по уривање на зграда во Камбоџа

Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени откако зградата се урна на југот на Камбоџа.

Станува збор за зграда која била во фаза на изградба, а до уривањето дошло во раните утрински часови. Според медиумите, најголем дел од жртвите се ѕидари, кои се нашле на лице место, а бројот на мртви сѐ уште конечно не е утврден.

Во тек е потрага по евентуални преживеани, бидејќи се проценува дека под урнатините можеби има уште триесет луѓе.