
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја згрижи 43 годишната Илинка Арсова, која три месеци се соочуваше со тешки здравствени проблеми.
Конечно изнемоштената и беспомошна Илина е во вистински раце, а д-р Митко Караѓозов и целиот персонал на болницата ќе се потрудат таа да го добие третманот кој го заслужува, објавија од болницата.
Од пред неколку часа Арсова е сместена на одделот за интезивна нега, а од „Аџибадем Систина“ се надеваат дека многу наскоро нејзините солзи и болка, ќе бидат заменети со насмевка.
Сторијата за Илинка од село Пелинце ја објави Досие.мк посочувајќи дека жената во кумановската болница ја доживува најтешката агонија во својот живот.
Имено, таа со недели лежела во болница со отворени рани откако преживеала мозочен удар на крајот на март, по што од главата и е изваде хематом но останала парализирана од десната страна на телото.
Беспомошната жена од Клиниката во Скопје не била препратена на соодветна нега туку во отпусното писмо е наведено дека ќе биде сместена во болницата во Куманово каде три месеци лежела во страшни болки поради отворената рана на кичмата поради предолгото лежење.
По оваа сторија јавноста не остана да молчи. Негативни критики до надлежните во јавното здравство и низа прашања за што македонските граѓани плаќаат здравство кога никој не им ја пружа соодвтената услуга кога најмногу е потребно.