
Осум дена притвор за возачот на камионот кој пред два дена удри во автомобилот БМВ кај скопска обиколница, предизвика пожар во кој двајца загинаа – совозачот на лице место, а полицаецот вечерта во болница, а двајца беа повредени.
Основното обвинителство поведе постапка за несреќата, а како што се наведува, камионот се движел со голема брзина во крајната лента и удрил во задниот лев дел на автомобилот БВМ. Од ударот бил предизвкан нов удар, во кој бил удрен полицискиот автомобил.
БМВ-то се запалило, и во истиот момент настрадал совозачот, а возачот, кој бил надвор од автомобилот се здобил со повреди. Во тој миг, двајцата полицајци биле повредени од камионот.
Во Ургентниот центар на повредите им подлегнал 38- годишниот полицаец, а неговиот колега и возачот на БМВ-то преживале.
Од Независниот синдикат на полицијата бараат итна промена во делот за контрола на автопатиштата.