
Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац кој гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека анкетите говорат оти ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски во овој момент има поголем рејтинг од СДСМ и Зоран Заев.
Тој вели дека ако продолжи таа тенденција, исходот на следните избори е повеќе од јасен.
-Две работи му се случија денеска на Заев- оставката на Петар Атанасов, прв сериозен удар на политиките на Заев каде има сериозни обвинувања за начинот на функционирање на оваа власт. И второ, изјавата на францускиот амбасадот Тимоние- чекајте бе луѓе што сте запнале со датумот, и немањето на реакција на неговата изјава од страна на власта, вели Бишевац.
Тој порача дека власта нема ниту една сериозна реформа во клучните области и ресори.
Бишевац објасни дека сега Заев ќе плива во водите на популизмот, со приказни за зголемување на плати, со влезот во НАТО и добивање на датум за преговори. Тоа значи дека на почетокот на годината ќе имаме пржинска влада и на пролет би требало да имаме избори.