
Португалскиот напаѓач Христијано Роналдо бил толку задоволен од персоналот кој не дозволил папараците да дојдат во близина на хотелот каде што одморал со своето семејство и во знак на благодарност оставил 20.000 евра бакшиш.
Фудбалската ѕвезда пред почетокот на подготвките за нова сезона со семејството се одмара на јахта, а неколку дена поминал во луксузен хотел во јужна Грција.
Според грчки медиуми, Роналдо плаќал за претседателски апартман 9.000 евра за една ноќ, а од него имал одличен поглед на Јонското Море и приватниот базен на располагање.
Роналдо ќе помине уште неколку дена на јахта на француската ривиера, а потоа ќе се врати во Јувентус, кој тргнува на летна турнеја.