Возач прегазен од сопствениот камион паркиран за истовар на стоки

Жител на селото Скудриње, во мавровскиот регион, починал во неделата откако бил прегазен од камионот во негова сопственост, кој го паркирал пред локална касапница да истовара стоки.

Во полицијата несреќата била пријавена вчера околу 12,30 часот, кога пријавителот соопштил дека во Скудриње починал 57-годишниот И.Е. од истото село, откако бил поклопен од камион „Там“ , кој бил негова сопственост.

Камионот се придвижил откако претходно тој го паркирал со намера да истовари стока во касапница.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.