
Дваесет и едногодишниот ракометар Димитар Димитриоски е нов член на РК Вардар, откако во вторникот репрезентативното лево крило потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” и ќе му биде замена на Тимур Дибиров во новата сезона.
Со доаѓањето на Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во добрана на европската титула.
„Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари. Тимот им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет. Димитриоски не е само талентиран туку и квалитетен играч. Младоста е негова предност, и очекуваме истата посветеност со која и досега играше да биде негова препознатливост. Вардар ќе му даде шанса, и очекуваме дека истата ќе ја искористи. Пред клубот се нови предизвици и со новите сили заеднички да продолжиме со добрите настапи“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Димитриоски иако е млад веќе има искуство со настапите во регионалната СЕХА Газпром лига и во ЕХФ лигата на шампионите. Брзината и експлозивноста му се карактерстика. Тој веќе е на списокот на сениорската репрезентација на Македонија. Играше во квалификациите за ЕП 2020 година. Ги мина и сите младински селекции во репрезентацијата покажувајќи дека е подготвен и за поголеми спортски успеси.
Доаѓа од спортско семејство каде ракометот е спорт број 1, а пет години настапуваше за екипата на Металург. Сезонава го освои Купот на Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Димитриоски беше планиран за настап и на последното СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација.
Д