Двајца тешко повредени во судар на патот Охрид – Ресен

Две лица, од кои едното малолетно, се повредени во тешка сообраќајна незгода што вечерта во вторникот се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со селото Куратица.

СВР Охрид соопшти дека несреќата се случила во 20,15 часот меѓу патничко возило „сеат леон” со битолски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот М.Д. од Битола и патничко возило „рено клио” со охридски регистарски ознаки, управувано од 22- годишниот Г.К.  од Охрид.

-Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „рено клио”. Тие биле пренесени во Општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо”, каде им била укажана лекарска помош, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.