
Европските земји членки на Советот за безбедност на Обединетите нации во заедничка изјава во средата ноќта го критикуваа однесувањето на САД во однос на нуклеарниот договор Заеднички план за сеопфатна за акција (Joint Comprehensive Plan of Action – JCPOA) кој во 2015 година во Виена го склучи Иран со шесте светски сили, како и најавата на Техеран дека наскоро ќе престане да исполнува некои од своите преземени обврски.
„Зачувувањето на договорот JCPOA и резолуцијата 2231 (на Советот за безбеност на ОН) е поважно од кога и да е. Жалиме што САД, откако на 8-ми мај 2018 година се повлекоа од договорот, повторно воведоа санкции и потоа одбија да применат изземање на проектите кои се во согласност со JCPOA. Таквите одлуки се косат со задачата на JCPOA и со резолуцијата 2231“, се истакнува во изјавата објавена по состанокот на Советот за безбедност на кој се дискутираше за спроведување на нуклеарниот договор.
Изјавата ја подготвија и ја потпишуваат Полска, Германија, Франција, Велика Британија и Естонија која на 1-ви јануари 2020 година од Полска го презема претседавањето со Советот за безбедност.
Изразувајќи ја својата „крајна загриженост“ проади неодамнешната најава на Техеран дека наскоро ќе престане да спроведува некои од своите обврски произлезени од договорот доколку европските земји потписнички на JCPOA не се погрижат за ублажување на ударот за иранската економија од американските санкции, Европејците „решително го повикуваат Иран да продолжи целосно да ги спроведува своите договорени обврски и да не презема мерки“ со кои би се ослободил од обврските.
Иран објави дека на 7-ми јули ќе престане да ги почитува ограничувањата на кои се согласи во врска со „складирањето збогатен ураниум“, со договорот од Виена збогатувањето на ураниумот беше ограничено на 3,67 отсто, како и дека би можел да продолжи да работи на проектот за градење на реакторот за тешка вода во Арка, кој беше запрен.
„Франција, Германија и Велика Британија со поддршка на Европската унија и другите земји членки во моментов го довршуваат воведувањето на Instex, механизмот кој треба да го олесни легитимното тргување со Иран“, се додава во европската изјава.
Механизмот INSTEX претставува европски инструмент за финансиски трансакции со Иран, осмислен да ги заобиколи американските санкции.
Иран е обвинуван дека развива проектили кои можат да носат боеви нукеларни глави, но Техеран тврди дека нивната намера е одбранбена како средство за одвраќање од напад и е конвеционална. Иран, исто така, САД и нивните сојузници го обвинуваат дека ги вооружува припадниците на побунетата шиитска заедница Хуту во Јемен и им пренесува разузнавачки податоци, што Техеран, исто така, го негира.