Починат маж најден на охридската Самоилова тврдина

Во четвртокот околу 12 часот, турист од Србија на просторот на Самоиловата тврдина во Охрид забележал тело на човек, при што била повикана брза помош.

Од страна екипата за итна медицинска помош констатирана била смрт. Се работи за државјанин на Кина, за кој не е познат индентитетот, ниту причината за смрт.

Како што дознава редакцијата Охридскај, присутна е полиција, додека никој не знае како настанала смртта и на кој начин, а уште потрагично е тоа што Јавната установа Завод и музеј Охрид има вработени кои се задолжени за наплата на влез и безбедност на посетителите.

Се очекуваат повеќе информации од СВР Охрид.