
Македонската ракомента репрезентација во петокот доби релативно лесни противници во групата на Европското првенство во 2020 година, што ќе се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска. И самите да ги биравме ривалите, тешко дека можеше да одбереме подобро од о
Македонија ждребот ја одреди во Групата Б, чии натпревари ќе се играат во Виена. Од најквалитетниот барабан македонската селекција ја доби најслабата репрезентација на Чешка, потоа домаќинот Австрија и Украина. Ова се добро познати ривали со кои Македонија играше изминативе неколку години, а Чешка славеше на последното Европско првенство во Хрватска, па сега можеби е време за одмазда. Во ваква конкуренција реално е да се очекува и прво место во групата.
Групата А ќе биде исклучително интересна, бидејќи во Грац ќе се натпреваруваат три репрезентации од поранешните југословенски републики, Хрватска, Црна Гора и Србија, а тука е и Белорусија.
Во останатите групи:
ГРУПА Ц (Трондхајм): Шпанија, Германија, Летонија, Холандија
ГРУПА Д (Трондхајм): Франција, Норвешка, Португалија, БиХ.
ГРУПА Е (Малме): Данска, Унгарија, Исланд, Русија
ГРУПА Ф (Гетеборг): Шведска, Словенија, Швајцарија, Полска
Европското првенство стартува на 9 јануари идната година и за прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации. Во главната фаза ќе се квалификуваат првите две репрезентации од групите и ќе ги формираат двете главни групи со по шест репрезентации. потоа најдобрите две селекции од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето. Завршните натпревари ќе се играат во Стокхолм.