
Во моментов имаме јавно обвинителство кое отвара постапки само за лица поврзани со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, над 700 предмети, а за скандалите на власта се молчи и не се отваарат предмети, рече во петокот меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во гостувањето на Канал 5 телевизија.
Муцунски истакна дека Владата има лицемерна политика, политиката на „ќе сториме“, му носи само поголем рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ како што се покажува на анкетите. Во реплика кон советникот на премиерот Бојан Маричиќ, му порача дека кога власта нема одговор на корупцијата и на проблемите, се актуелизира поранешниот премиер и оти сите прашања се за Никола Груевски.
Денеска беше многу тажен ден за македонската демократија. Ние имаме обвинителство кое отвара постапки кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, а целосно ги игнорира секојдневните скандали кои се случуваат, патем и самиот јавен обвинител пред неколку месеци отвори скандал за масовно прислушкување кое се вршело во јавното обвинителство и судството и сетоа тоа се трга настрана и фокусот е на ВМРО-ДПМНЕ, фокусот е на Димитар Димовски кои држеше прес за насилно однесување на скопски градоначалник, вели Муцунски.
Објасни дека има низа предмети за лица од ВМРО-ДПМНЕ, а минорен број предмети за власта, пример е градоначалникот на Ново Село кој бегаше по меѓународна истрага за шверц на цигари, а не одлежа ниту еден ден затвор.
-Треба да ставиме крај на таквото однесување имаме специјален обвинител кој денеска се дрзнува да кажува што треба да прави Советот на јавни обвинители или Собранието на Република Македонија, во оваа држава нема владеење на правото, вели Муцунски.
Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на денешната дискусија со советникот на премиерот Бојан Маричиќ, на Канал 5 телвизија, истакна дека се навлегува од грешка во грешка, а нема ниту едно решение за проблемите со кои се соочуваме како држава.
На граѓаните им е нерелевантно кој е во партиските тела на СДСМ, туку порелевантно им е кој е на чело на државните институции кои треба да донесат промени, вели тој.
Кај ново избраните тие се козметичка не суштинска промена, испадна дека единствен виновник за резултатите на СДСМ на претседателските избори е Драган Тевдовски, а не се понуди понуди некаква визија од страна на овој иззменет владин состав за прашањата кои реално ги засегаат граѓаните. Како што се темите поврзани со економијата, иселувањето, здравството итн. Не се понуди реална визија за тоа како ќе се намали цената на храната, не се понуди како ќе се реши даночната политика која што носи антипазарно однесување, не се понуди визија како ќе се подобри минималниот раст на СДИ кои што ги имавме во првиот квартал, не се понуди визија за тоа како ќе се соочиме со предизвиците кои што ги имаме во нашата земја, вели Муцунски.
Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Муцунски со остри критики кон политиките на власта во однос на спречување на иселувањето како и скандалозните однесувања на премиерот како неговото назначување за министер за финасии.
Тој вели исто така дека скандалозно е и однесување на министерот за здравство со одлуката дека ќе се врши промена на пол на сметка на фондот.